Полицијата на БиХ го пронајде исчезнатиот Дејтонски договор

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во Република Српска е уапсен Жељко Кунтош кај кого е е пронајдена оригиналната верзија од Дејтонскиот мировен договор на англиски јазик.

 

Кунтош е поранешен припадник на обезбедувањето и близок соработник на Драган Калиниќ, поранешниот претседател на Народното собрание на Република Српска. Калиниќ, кој беше и лидер на Српската демократска партија, денес е советник на претседателот на РС, Милорад Додик.

 

Што се однесува на документот, станува збор за примерок кој го потпишаа тогашниот претседател на Хрватска Фрањо Туѓман, претседателот на Претседателството на БиХ Алија Изетбеговиќ и претседателот на СР Југославија Слободан Милошевиќ.

 

По церемонијата на потпишување во 1995 година, извршена во присуство на челниците на највлијателните западни земји, на претставниците на Хрватска, БиХ и СРЈ им е врачен по еден оригинален примерок од Дејтонскиот договор на англиски јазик.

 

Во 2008 година се откри дека примерокот на БиХ веќе одреден период е исчезнат без никаква трага, на што предупреди тогашниот член на државното претседателство Жењко Комшиќ. Нешто подоцна, и од Белград беше соопштено дека и нивниот примерок исчезнал, со претпоставка дека тоа се случило за време на бунтот против Милошевиќ во 2000 година.

 

Хрватска е единствената држава, која својот примерок го ставила на безбедно место и го чува и денес.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи