Играчот на ПСЖ Лејвин Курзава на синоќешниот дуел против Андерлехт успеа да се запише во историјата на Лигата на шампионите. Тој е првиот играч од одбраната на еден тим со постигнат хет-трик во ова елитно натпреварување.
Неговиот тим ПСЖ вчера го депласираше белгијскиот Андерлехт со 5 спрема 0 на „Паркот на принцовите“ и си обезбеди место наредната фаза на елиминации и тоа на две кола пред крајот на групниот дел. Курзава погоди во 52, 72 и 78 минута со што стана воедно и вториот играч на францускиот тим кој успеал да постигне хет-трик во Лигата на шампионите.
Пред четири години тоа го направи и легендарниот Златан Ибрахимовиќ, исто така на дуел со Андерлехт.