Во Турција уапсени 283 лица, осомничени дека се членови на ИД

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Турската полиција уапси 283 осомничени членови на Исламска држава низ целата земја, објавија денеска официјалните претставници.

 

Апсењата, наводно, биле извршени во последните 11 дена во 25 турски провинции, каде што полицијата запленила 66 импровизирани експлозивни направи.

 

Меѓу уапсените, 96 се државјани на Турција, додека 187 се страници, но не се прецизира чии државјани се.

 

Исламска држава се смета за одговорна за неколку напади во Турција, во кои од 2015 година па досега загинаа повеќе од 300 лица.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи