Путин со подршка за Техеран, Хамнеи – САД се главен непријател на Иран

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека САД се „главен“ непријател на Иран и оти Техеран никогаш нема да потклекне пред американскиот притисок во врска со нуклеарниот договор од 2015 година.

 

Американското непријателство е насочено кон иранскиот народ. Америка е непријател број еден. Никогаш нема да го прифатиме нивното силеџиство за нуклеарниот договор, посочи Хамнеи.

 

Тој рече дека Иран никогаш нема да го прифати американското „малтретирање“ во врска со нуклеарниот договор и оти „спротивставувањето и конфронтацијата“ со САД се единствениот начин за напредок на Иран.

 

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи на трилатерални разговори меѓу Иран, Русија и Азербејџан, му кажа на рускиот претседател Владимир Путин дека Техеран и Москва мора да ја зајакнат соработката за да ги изолираат САД.

 

„За целосно решавање на кризата во Сирија потребна е силна соработка меѓу Иран и Русија… Нашата соработка може да ја изолира Америка… Оваа соработка ќе ја обнови стабилноста во регионот“, кажал Хамнеи за време на средбата со Путин, пренесува Ројтерс повикувајќи се на иранската телевизија

 

Рускиот претседател Владимир Путин силно го поддржа Иран, како и нуклеарниот договор на таа земја со светските сили. Тој во Техеран изјави дека Москва се противи на каква било еднострана измена на тој договор откако американскиот претседател Доналд Трамп го оцени негативно.

 

Договорот постигнат меѓу Иран и шесте светски сили во 2015 година предвидува ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на меѓународните санкции. Американскиот претседател Доналд Трап во октомври го обвини Техеран дека го крши „духот на законот“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи