Пријави за бомби во центарот на Москва: евакуиран „Бољшој“ и Црвениот плоштад

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Илјадници посетители морале да ги напуштат театарот „Бољшој“, хотелот „Метропол“ и една стоковна куќа на Црвениот плоштад во Москва, како и други јавни објекти, поради закани за поставени бомби, соопштија локалните медиуми.

 

Во рускиот главен град во изминативе два месеци имаше поголем број анонимни телефонски повици со пријави за бомби. Засега сите тие се покажале како лажни, а никој не ја презеде одговорноста за создавањето паника.

 

Агенцијата РИА Новости, цитирајќи полициски извори, соопштува дека денеска биле евакуирани околу 5.000 луѓе од хотелот и од стоковната куќа. Гостите во театарот го напуштиле објектот пред да почне претставата закажана за 16 часот.

 

Александар Бортников, првиот човек на безбедносната служба ФСБ изјавил дека властите го знаат идентитетот на одговорните и дека се рботи за руски државјани што живеат во странство, со „соучесници“ во Русија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи