ВИДЕО – Кочовски: Македонскиот театар е на дното во регионот, излез е афирмација на политичкиот театар и секојдневните проблеми

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ја подготвува својата најнова претстава „Клетници“, во режија на Мартин Кочовски, а премиерата е закажана за 29 декември.

 

Кочовски вели дека овој роман на Виктор Иго е безвременски, кој не е закочен во едно време туку нуди поддршка на сите клетници во светот. Мотото на претставата било „Еден човек украл леб, цела Европа е во хаос“.

 

 

Кочовски од оваа година е вработен во прилепскиот театар со кого претходно имаше неколку претстави со кои победуваше на фестивалот „Војдан Чернодрински“ и освои неколку награди и во странство. Токму поради добриот театарски ансамбл се одлучил ова капитално дело да го реализира во Прилеп.

 

„Клетници сме сите ние, без разлика како се менуваат периодите на општеството“, вели Кочоски.

 

Со Кочоски поразговаравме и за крајно мизерните услови во кои работи прилепскиот театар и за потребата од итна изградба на нов објект. Кочоски додава дека состојбата со театарот во Прилеп била толку лоша што животите на актерите секој ден биле во опасност додека се подготвуваат и ги играат претставите.

 

Според него театарот во Македонија бил во една катастрофална состојба и на дното од цела Европа, излез било афирмација на политичкиот театар и секојдневните проблеми.

 

 

Повеќе од разговорот погледнете во видеото.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи