Трамп ја игнорира цензурата, ќе твита и од Кина

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На почетокот на својата посета на Кина, американскиот преседател Доналд Трамп и првата дама на САД Меланија Трамп, придружуван од кинескиот претседател Си Џинпинг и првата дама Пенг Лијуан денеска го посетија Забранетиот гард во Пекинг, каде присуствуваа на музичка и танчарска претстава. Трамп од неговиот таблет-компјутер му покажал и видео-снимки на кинескиот претседател на кои неговата внука Арабела Кушнер пее на мандарински и рецитира кинески поеми, пренесуваат медиумите.

 

Трамп и Си ќе вечераат во Забранетиот град, а работниот дел од посетата почнува утре. На агендата ќе бидат трговските односи меѓу двете економски суперсили, како и безбедносното прашање на Северна Кореја.

 

За време на посетата Доналд Трамп нема намера да го запостави своето омилено средство за комуникација и ќе биде активен на социјалните мрежи и за време на престојот во Кина, објави висок претставник на Белата куќа.

 

Кина е означена како најголем светски цензор на слободата на користењето Интернет, со што омилениот начин на комуникација на Трамп, преку социјалната мрежа Твитер е блокиран низ земјата, заедно со останатите западни социјални мрежи, како што се Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб.

 

Запрашани од новинарите дали тоа значи дека Трамп нема да твита на своите 42 милиони следбеници за време на дводневниот престој во Кина, неговите претставници беа децидни:

 

„Не! Претседателот ќе твита што и кога сака. Тоа е начинот на којшто тој директно комуницира со американскиот народ. Зошто не? Сигурен сум дека во авионот имаме опрема која ќе го овозможи тоа, зашто е познато дека платформите на сите западни социјални мрежи се забранети во Кина“.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи