Киелини: „Гвардиолизмот“ ги уништува штоперите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Шест години по ред Адреа Барзаљи, Леонардо Бонучи и Џорџо Киелини беа или се последен бедем пред голот на Џанлуиџи Буфон. Сега тоа го прават само во селекцијата на Италија, до лани и во тимот од Торино.

 

И никој не се загрижува што тројцата заедно имаат 99 години, но тоа што „боли” е фактот што во Италија нема нивни вистински наследници.

 

Џорџо Киелини кој важи како „крал без круна” кај стоперите во Калчото, но и пошироко во светски рамки, е сурово искрен и без „влакна на јазикот“, па неговите зборови сигурно нема да им се допаднат на помладите колеги.

 

Според Киелини, атрактивниот стил на игра кој го наметнува Гвардиола во своите редови со многу подавања е главниот виновник за недостигот на нови и квалитетни стопери.

 

“Поради ‘Гвардиолизмот’. Да, тој стил на игра упропасти многу стопери во Италија. Денеска сите сакаат да ја градат играта, а никој не знае да го маркира играчот. Ние во Италија никогаш нема да ја имаме шпанската тика-така. Тоа едноставно не е во нашата филозофија” – говори Киелини во интервју за „Газета Дело Спорт“.

 

Глобализацијата избриша некогаш претходно непроценливи вредности. Некогаш се знаеше, островјаните играат на долги топки, Италијаните катанаџо… Денес се е измешано.

 

„Сега во Италија зборуваме како недостасуваат чистокрвни голгетери во нападот. Но мислам дека добро би ни дошле и некои навистина квалитетни фудбалери во одбраната. Потребна ни е таа здрава желба, да се бара контакт игра, да се почувствува ривалот”, истакна Киелини.

 

Но Киелини додава дека не е целосен песимист, бидејќи гледа некои играчи кои одат во вистинската насока.

 

“Даниеле Ругани, Матија Калдара и Алесио Ромањоли брзо напредуваат. На долг рок, ние сме покриени. Но, ние мораме да се вратиме во корените, на нашата традиција, повторно да  создаваме вистинските штопери, и тоа во големи количини”, завршува Киелини.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи