Додик: Србија и Република Српска се едно, границата е формалност

Facebook
Twitter
Email
Print

Србија и Република Српска се едно и затоа воопшто не е важно каде ќе биде повлечена формалната граница, изјави претседателот на српскиот ентитет во Босна и Херцеговина, Милорад Додик.

 

 „Во нашата потсвест ние не ја признаваме границата, иако таа формално гледано постои во меѓународно-правна смисла“, изјави Додик на собир во Невесиње.

 

Додик нагласи дека границата меѓу БиХ и Србија треба да се корегира со тоа што кон српската територија ќе се припојат делови кои се витални за функционирање на сообраќајната инфраструктура на земјата, алудирајќи на делот од пругата Белград-Бар, што кај Штрепце влегува на босанска територија.

 

„Ние сме подготвени да го сторме тоа. Тука нема што да прават овие од Сараево. Ако ние во Република Српска го прифатиме тоа, тие треба да го ратификуваат“, нагласи Додик.

 

Изјавата на Додик следи по најавата на Белград дека до крајот на годината ќе биде утврдена границата меѓу Србија и Босна и Херцеговина, која во основа е граница на Република Српска.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи