Колумбиската полиција заплени рекордни 12 тони кокаин, во вредност од 360 милиони долари

Facebook
Twitter
Email
Print

Колумбиската полиција запленила повеќе од 12 тони кокаин, што е најголема заплена во долгогодишната борба против трговијата со дрога, соопштил претседателот на таа земја, Хуан Мануел Сантос.

 

Кокаинот, чија пазарна вредност се проценува на околу 360 милиони долари, бил пронајден закопан во земја на четири фарми, на плантажи со банини во северозападната провинција Антиоквија, во близина на границата со Панама, во акција во која учествувале 400 полицајци.

 

„Во изминатите 40 години, колку што трае нашата борба против шверцот на дрога, не сме заплениле толку големо количество кокаин. Со оваа заплена, вкупното количество за 2017 година се искачи на 362 тони, што е повеќе од 2016 година, кога запленивме 317 тони“, изјави колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, на прес-конференција на која беше претставен запленетиот кокаин.

 

Полицијата верува дека кокаинот му припаѓал на Даиро Антонио Усуга, попознат како Отониел, кој е лидер на картелот познат како “Заливски клан”, една од најопасните колумбиски криминални организации и една од најголемите закани по безбедноста во Колумбија. Колумбиската полиција веќе некое време води офанзивни операции против овој картел, но Отониел не успева да го фати со години. САД понудиле награда од пет милиони долари за информации кои би резултирале со негово апсење или смрт.

 

Покрај дрога, таа криминална група се занимава и со илегално рударство, а повеќето членови, кои според проценките ги има околу 1.500, претходно биле дел од десничарските паравоени групи.

 

Колумбија е еден од главните светски произведувачи на кокаин, со производство од околу 910 тони годишно. Оваа година, припадниците на полициските единици за борба против наркотици заплениле 362 тони кокаин.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи