Адидас ја претстави топката за Светското првенство во Русија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Германската компанија за спортска опрема „Адидас“ ја претстави официјалната топка за Светското фудбалско во Русија – „Телстар 18“. Оригиналната топка „Телстар“  е кратенка од „star of televison“ и нè навраќа на Мундијалот во Мексико во 1970 година, бидејќи тоа беше првото Светско првенство пренесувано на телевизија низ целиот свет.

 

Истата топка беше користена и на Мундијалот во Германија 4 години подоцна, за потоа да биде да биде заменета со „Танго“ во 1978 година.

 

Оригиналната „Телстар“ од 1970 година била направена со дополнителни црни панели за да се истакнува топката на црно-белите телевизиски преноси, со што засекогаш го промени дизајнот на фудбалските топки. „Телстар“ во легендата ја испратија фудбалските великани Пеле и Кројф кои ги одбележаа овие светски првенства.

 

„Телстар 18“ го соединува најдоброто од „Бразука“, која беше официјална топка на СП 2014 со најновите технолошки достигнувања. Направена е да обезбеди ефикасност на теренот на стадион, но и на улица, по што „Телстар 18“ се разликува од претходните официјални топки.

 

„Имав среќа да ја ‘запознаам’ топката малку порано од другите. Ми се допаѓа сè – дизајнот, боите…“, вели Лионел Меси.

 

 

Прв пат во историјата во официјалната топка за СП е вградена технологија со НФЦ чип, со што „Телстар 18“ станува најиновативна топка во историјата на фудбалот. Вградениот чип во топката овозможува интеракција со топката со помош на мобилен телефон при што корисникот добива пристап до ексклузивни содржини и персонализирани информации.

 

Репрезентациите на Аргентина, Колумбија, Мексико како и дел од најугледните клубови како Манчестер јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид и Ајакс учествуваа во процесот на тестирање за да се провери дали топката ги обезбедува сите потреби на најдобрите играчи во светот.

 

Сите 54 натпревари следното лето ќе се играат со специјални „Телстар 18“ топки, изработени непосредно пред почетокот на големиот собир.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи