Катар за првпат именуваше жени во Советодавниот совет

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Катар првпат во својата историја именуваше жени во Советодавниот совет. Со указ на емирот Шеик Хамад бин Калифа ал Тани, вкупно четири жени ќе заседаваат во Советот од 45 членови, кој претставува своевиден парламент и е задолжен за расправа околу плановите за закони, за општа политика на владата и државниот буџет, објавено е во кралското решение.

 

„Емирот на Катар, шеикот Тамим бен Хамад ал-Тани објави решение со кое го обновува мандатот на некои членови на Советот Шура и именува 28 нови членови, меѓу кои се и жени, првпат во историјата на Советот“, се наведува во соопштението на официјалната агенција КНА.

 

Потегот доаѓа во време кога Катар е соочен со дипломатско и трговско ембарго од страна на Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

 

Во 2015 година две жени станаа застапнички и се наоѓаат меѓу 29 членови на Советот на регионите.

 

Промени се случуваат и во соседна Саудиска Арабија, каде што паралелно со апсењето на десетици принцови и поранешни и сегашни министри од страна на принцот Мухамед бин Салман, беше донесен декрет со кој се укинува забраната за жените да возат.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи