Легендата на Барселона Чави потврди дека ја игра последната сезона во неговата кариера

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Хавиер Ернандез или попознат како Чави, симболот на Барселона, Каталонија и Шпанија, но и на светскиот фудбал, наскоро заминува во спортска пензија. Тоа го потврди лично 37-годишниот ас кој уште сезонава ќе игра во катарски Ал Сад, а потоа има план да започне и тренерска кариера.

 

„Ја имав таа среќа низ кариерата да ги избегнам тешките повреди, па поради тоа бев во можност постепено да ја гасам кариерата. Катар ми дозволи уште да игра фудбал, но сега сум изморен. А, и сè потешко се опоравувам. Секако, ова ќе биде последна година од моето активно играње фудбал, а во иднина имам план да станам тренер“, искрен е поранешниот ас на Барселона.

 

Фантастичната играчка кариера ја започна во младинската школа на Барселона. Потоа за првиот тим на кталонците дебитираше во октомври далечната 1998 година и од тогаш одигра дури 767 натпревари и постигна 85 погодоци. Со Барса освои осум наслови шампион на Шпанија, три пати го освои Купот на кралевите и шест пати Суперкупот.

 

На европската сцена Чави има четири титули во Лигата на шампионите и два Суперкупa на Европа. Треба да ги додадеме и двете титули клупски шампион на светот.

 

Во дресот на Шпанија одигра 133 натпревари и постигна 13 погодоци, а со „фуријата“ освои и две Европски и едно Светско првенство. Од репрезентацијата се збогуваше во 2014 година, после неуспехот на Светското првенство во Бразил.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи