Вардар ја освои Будимпешта и останува најдобар тим во ЛШ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Вардар по вторпат триумфално се враќа од гостувањето во Будимпешта кај ФТЦ, овојпат со победа 29-28 (16-12) и „црвено-црните” го задржаа првото место во група Ц, и останува најуспешна екипа сезонава во ЛШ. Во следната фаза ќе пренесе најмалку 6 бодови, од кои четири се од дуелите со ФТЦ.

 

Унгарскиот тим во овој меч влезе со самодоверба по победата над Ѓер во домашното првенство, но не успеа да направи уште еден голем резултат и да го победи Вардар.

 

Македонскиот женски ракометен шампион на крајот победи со 28:29, пред се благодарение на подобрата игра во клучните моменти од средбата кога се кршеше резултатот. Избраничките на Дибирова предноста од 12:16 на полувремето успеаја да ја испуштат на девет минути пред крајот на натпреварот кога на семафорот стоеше 23:23, но ова не ги поколеба вардарки да одат на тактизирање, па со максимално ефикасна и концентрирана игра стигнаа до уште една победа, петта во петтото коло во групната фаза.

 

Најефикасна беше Пенезиќ со девет голови, Лакрабер и Радичевиќ погодија по пет пати. Лејно натпреварот го заврши со 11 одбрани, а во вториот дел одлична беше и Суслина со неколку важни интервенции.
Со оваа победа Вардар го освои првото место на коло пред крајот. Во петок во „Јане Сандански“ гостува Турингер, меч кој исто така е важен за максимален број на бодови да биде пренесен во главната групна фаза.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи