Борут Пахор е старо-нов претседател на Словенија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Словенечкиот претседател Борут Пахор во вториот круг од претседателските избори доби преку 53 проценти од гласовите и останува уште пет години на чело на државата.

 

По пребројувањето на повеќе од 93 проценти од гласачките ливчиња, Државната изборна комисија соопшти дека Пахор освоил повеќе од 53 насто, додека неговиот предизвикувач, социјалдемократот Марјан Шарец добил 47 проценти од гласовите. Шарец го призна поразот и му честиташе на старо-новиот шеф на државата.

 

Поранешниот лидер на партијата на Социјални Демократи, кој е дипломиран политолог и кој кариерата ја почна уште кога Словенија беше дел од Југославија, пред да биде избран за претседател во декември 2012 година,  беше претседател на парламентот, европратеник како и премиер од 2008 до 2012 година.

 

На овие избори Пахор настапи како независен кандидат.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи