„Фридом хаус“: Владите се повеќе ги манипулираат социјалните медиуми

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Организацијата „Фридом хаус“ изразува загриженост поради тоа што се повеќе држави го следат примерот на Русија и на Кина во манипулација на социјалните мрежи и следење на противниците на интернет. Според студијата за слобода на интернетот што го спроведе оваа организација во 65 земји, владите на 30 земји манипулирале со интернет во 2017, додека во претходната година бројот на држави бил за седум помалку.

 

Овие манипулации, според истражувањата за „слободата на интернет“, вклучуваат користење платени коментатори, тролови, ботови или лажни информативни сајтови. Овие тактички манипулации и објавување дезинформации на интернет имале значајна улога за време на изборите во најмалку 18 држави, вклучувајќи ги и САД.

 

Во длабоко поделената Кенија, лажни вести со логото на Би-Би-Си и на Си-Ен-Ен се ширеа на социјалните мрежи и му помогнаа на Ухуру Кенијата да добие нов претседателски мандат.

 

Николас Мадуро ја зграпчи моќта во Венецуела, ширејќи лажни фотографии од протестите, додека Фејсбук избриша дури 30.000 лажни профили на десет дена до претседателските избори во Франција.

 

Во Филипини, таканаречените ботови заработувале десет долари дневно за да ја фалат актуелната власт на социјалните мрежи. Тие масовно се користат со иста намена и во Турција и Мексико.

 

Анкара ангажирала дури 6 илјади луѓе од владејачката партија за борба против владините опоненти на социјалните мрежи. Украинските власти, пак, ги блокираа сервисите од Русија, откако руски агенти ги преплавија социјалните мрежи со фабрикувани содржини кои го поддржуваат Кремљ.

 

Кина и натаму е на врвот на земјите кои манипулираат со интернет поради цензура, борбата против анонимноста и затворање дисиденти кои се активни на интернет.

 

„Употребата на платените коментатори и политичките ботови за ширење владина пропаганда беше промовирана од Кина и Русија, но сега стана глобална. Ефектите врз демократијата и граѓанскиот активизам од овие техники кои многу брзо се шират, се потенцијално катастрофални“, вели Мајкл Абрамовиц, претседател на „Фридом хаус“.

 

Директорката на проектот „Слобода на Интернет“ Санџа Кели објаснува дека таквите манипулации често се тешки за откривање и уште потешки за борба со нив, за разлика од другите видови цензура, како што се блокирање веб-страници.

 

„Тоа е тренд што гледаме како расте низ целиот свет. Во повеќето случаи, владите стојат зад нив. Тие не се јавуваат само во автократски режими, како Кина, Иран и Мјанмар, туку се проблем и во демократските општества“, вели Кели.

 

Влади на 14 земји ја ограничиле интернет слободата со цел спротивставување со манипулативни содржини.

 

Организацијата соопшти дека 2017 година е седма година по ред која ја карактеризира целокупен пад на слободата на интернет.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи