Грчкиот премиер Алексис Ципрас прогласи национална жалост за жртвите во големите поплави во кои загинаа најмалку 15 лица. Очевидци говорат за порој од „библиски размери“.
„Ова се многу тешки моменти за Грција. Преживуваме голема катастрофа“, рече Ципрас во обраќањето до јавноста.
Во големите поплави по поројните врнежи во западниот дел на Грција, според последните информации загинаа 15 лица а десетици се сериозно повредени. Според локалната служба за спасување, сè уште е нејасно колку луѓе се уште се водат за исчезнати.„Тоа е катастрофа, трагедија”, рече грчкиот министер за внатрешни работи, Панос Скурлетис, на државната телевизија ЕРТ.
Посебно погоден од невремето е особено крајбрежниот регион западно од Атина. Автопатот меѓу главниот град и Коринт мораше да биде привремено затворен на две места. Исто така, опустошени се туристичкиот регион и пристаништето на Неа Перамос и регионот на селото Мандра.
„Ова е библиска несреќа, за неколку часа исчезна сè“, изјави градоначалничката на Мандра, Јана Киркиу за телевизијата ЕРТ.
Ципрас истакна дека без одложување ќе бидат усвоени мерки за поддршка на погодените домаќинства и бизниси.