ВИДЕО : Во Прилеп се одржува државно првенство во пинг понг за средношколци

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Во спортската сала на СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп денеска започна државното првенство во пинг понг за средношколци на кое учествуваат ученици од повеќе градови на Македонија и се натпреваруваат за добивање на титулата државен првак во машка и женска конкуренција. Првенството е во организација на Сојузот на училишен спорт на Општина Прилеп, Федерацијата на училиштен спорт на Македонија, а под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование и наука.

 

 

„Тука денеска се присутни 50-тина натпреварувачи од цела Македонија кој што се натпреваруваат со своите конкуренти, се надеваме дека натпреварите ќе завршат во најдобар ред и дека најдобрите ќе ги заземат првите места. Инаку мора да се пофалиме дека прилепските натпреварувачи котираат доста високо и се надеваме дека ќе имаме неколку први места денеска“, кажа Здравко Ристески, претседател на Сојуз на училишни спортови на Општина Прилеп.

 

„Натпреварите се одвиваат во репасаж систем и на крајот сите победници од репасажот учествуваат во клуб систем, во групи со 16 екипи. Победниците на овие натпревари ќе бидат наградени со дипломи и пехари, а исто така првите двајца во сите категории за основни и за средни училишта кон крајот на месец јуни во 2018 година ќе присуствуваат на училишниот спортски камп кој се одржува во Охрид и на кој ќе се дружат, ќе тренираат и на кој камп ќе бидат присутни најдобрите пинг понгари од нашата држава“, кажа Герман Богоев, секретар на Федерација на училиштен спорт на Македонија.

 

Еден од фаворитите на овој турнир е Александар Рикалоски од Прилеп.

 

„Се подготвува долго време за турнирот и сега се чувствувам доволно подготвен и да го освојам овој турнир, инаку ја претставувам СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ од Прилеп“, рече Александар Рикалоски, пингпонгар.

 

Инаку новитет во Федерацијата на училиштен спорт на Македонија се зонските и регионалните лиги, каде Прилеп и Сојузот на училишен спорт земаат активно учество.

 

„Вчера во спортските сали на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ се одржаа натпреварите во футсал каде учествуваше и екипата на ова училиште и по одиграните два турнири тие се наоѓаат на првото место, а во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски“ се одиграа натпреварите во ракомет за основните училишта за 6 и 7 одделение. Таму претставник од Прилеп беше екипата на ООУ „Гоце Делчев“ која оствари една победа и еден пораз и моментално е на второто место на табелата. Денеска во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски“ се одржуваат натпревари во футсал каде учесник е училиштето „Добре Јованоски“ со својата екипа од 6 и 7 одделение, тие се фаворити и по одиграните две кола се на првото место“, додаде Здравко Ристески, претседател на Сојуз на училишни спортови на Општина Прилеп.

 

Инаку Федерацијата на училишен спорт на Македонија во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование и наука имаат голем систем на натпревари на државно ниво, а овие натпревари се одвиваат на општинско и регионално ниво. Идната недела во Охрид ќе се одржело државно првенство во стрелаштво со воздушна пушка помеѓу ученици од сите основни и средни училишта од Македонија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи