Казнетиот Обамејанг: Не знам зошто сум суспендиран!

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Тензијата во односите меѓу Пјер Емерик Обамејанг и раководството на Борусија Дортмунд станува сè поголема, откако „милионерите“ решија да го суспендираат својот најдобар стрелец пред вечерашниот натпревар со Штутгарт.

 

Клубот не даде детали околу причините, а медиумите шпекулираат дека станува збор за казна поради неговото патување во Барселона, на гости кај поранешниот соиграч Осман Дембеле, кој важи за „непријател“ на клубот поради низата скандали во текот на летото со кои издејствува преселба на „Камп ноу“.

 

„Навистина не разбирам зошто сум казнет кога не сторив ништо погрешно. Минатата сезона бев суспендиран бидејќи заминав во Милано прекршувајќи го клупскиот правилник, но овојпат воопшто не стануваше збор за такво нешто. Казнет сум, а никој не ми кажува зошто“, истакнува Обамејанг.

 

Ова е втор пат германскиот клуб да му врачи суспензија на Обамејанг, откако минатата сезона исто поради дисциплински причини беше отстранет од тимот, кога не се појави на тренинг, туку отпатува во Италија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи