Барселона се соочува со можни санкции до крајот на сезоната во Ла Лига, доколку на „Камп Ноу“ се поддржуваат политичките пораки за независност на Каталонија. По затегнатата ситуација во Шпанија и обидот на Каталонија да прогласи независност, раководството на Ла Лига нема да толерира понатамошни испади на стадионите.
„Досега немаше негативни појави на трибините. Сите протести се случуваа надвор од стадионите. Ако се случат такви работи во иднина на стадионот на Барселона, тогаш би можел „Камп Ноу“ да биде и затворен“, изјави претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас
Откако минатиот месец беше оддржан референдум за независност во Каталонија, гледачите на „Камп Ноу“ се активираа за се погласни скандирања за независност на Каталонија.
„Скандирањето за независност не го сметаме за навреда или за позив за насилство. Сепак, одлучивме дека скандирањата кои се навредиливи и се однесуваат на Шпанија, да бидат санкционирани. Една од можните санкции е да се затвори стадионот на Барселона“, вели Тебес.
Да потсетиме, навивачите на Барселона во секој натпревар без разлика дали тоа е фудбалски или кошаркарски бараат независност, но понекогаш и испраќаат навреди кон Шпанија.