УЕФА ја завршува истрагата околу расистичките напад од страна на навивачите на Рома против Челзи во Лигата на шампионите во Лондон.
На мета на навивачите на римскиот клуб беше Антонио Рудигер кој изминатово лето во Челси пристигна токму од редовите на Рома. Рудигер постојано беше навредуван на расна основа на дуелот на „Стемфорд бриџ“.
УЕФА веднаш по мечот објави дека ќе го истражи овој случај , па сега веќе имаат доволно докази да го санкционираат римскиот клуб. Италијанските медиуми пренесуваат дека УЕФА веќе донела одлука која ќе биде соопштена во следните денови. Како што се наведува, се работи за жестока санкциија.