Ердоган го отфрли извинувањето: Турција ќе го преиспита своето членство во НАТО

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека целта на скандалот при вежбите на НАТО, наречени „Trident Javelin“, кои се одржаа во периодот 8 – 17 ноември во Норвешка бил не тој, туку Турција и нејзиниот народ.

 

Турскиот лидер изјави претходно дека организаторите на вежбите на ѕидот со портретите на „непријателите“, поставиле слика на основачот на турската република, Мустафа Кемал Ататурк, а тој самиот бил додаден во листата на условните противници на НАТО.

 

“Видовте вчера однесување полно со непочитување за време на воената вежба на НАТО. Постојат грешки кои не ги прават будали, туку луѓе со низок морал. Тоа не може лесно да се заборави”, изјави Ердоган во говорот емитуван во живо на турските медиуми.

 

Според зборовите на Ердоган, шефот на Генералштабот на Турција, кој му соопштил за тоа, ги отповикал 40-те турски војници вклучени во вежбите на Северноатлантската алијанса. Турското раководство ја поддржа оваа одлука, објави РИА Новости.

 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг лично го информирал турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, дека биле преземени „дисциплински мерки“ против лицето, кое го претставило турскиот лидер како „непријател“ за време на воена вежба на Алијансата во Норвешка, а министерот за одбрана на Норвешка, Франк Јенсен изразил жалење.

 

„Се извинувам за причинетата навреда. Турција е ценет сојузник на НАТО, кој дава значаен придонес кон сојузничката безбедност“, се вели во соопштението.

 

Ердоган сепак смета дека тоа не е доволно.

 

„Тие не поставија Ататурк и мене на ѕидот на целите при вежбите на НАТО и предизвикаа скандал … Ова прашање не е лично или партиско. Целта беше Турција и турскиот народ. Ние сме подготвени за сè“, изјави Ердоган пред активистите на владејачката Партија на правдата и развојот во турската провинција Бејбурт.

 

Време е да се преиспита прашањето за членството на Турција во НАТО, рече главниот советник на Ердоган, Јалчин Топку, според локалните медиуми.

 

„Присуството на големата турска нација во оваа институција (НАТО) е доведена во прашање“, рече Топчу, нарекувајќи го однесувањето на Алијансата кон Анкара „брутално и нечесно“.

 

Турција ја има втората најголема армија во Алијансата по САД.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien