Над 50 загинати во самоубиствен напад во Нигерија

Facebook
Twitter
Email
Print

Најмалку 50 луѓе се убиени во самоубиствен бомбашки напад во џамија во североисточна Нигерија, соопштија во вторникот полициски извори според кои во текот на утринската молитва тинејџер упаднал во храмот во градот Муби во сојузната држава Адамава и го активирал експлозивот што го носел на него.

 

„Засега имаме најмалку 50 мртви и неколку ранети. Самоубиецот се измешал со верниците за да влезе во џамијата и го активирал експлозивот во текот на молитвата“, изјавил портпаролот на полицијата на државата Амава, Отман Абубакар.

 

Локалните власти соопштија дека во нападот има и десетина повредени. Сепак многу ранети лица се пренесени во болниците во регионот за да им се пружи итна помош, според различни извори коишто не можеле да го прецизираат нивниот број.

 

За нападот никој не ја презема одговорноста, но е сличен на претходните напади кои ги изведе екстремната организација Боко Харам, којашто се бори за создавање исламска држава во Нигерија во којашто ќе владеат шеријатските закони но според нејзиното ригидно толкување.

 

Вторничниот напад претставува најголема загуба на човечки животи во Нигерија од почетокот на септември кога 18 луѓе беа убиени во бомбашкои напад во близина на централната сојузна држава Борно.

 

Боко харам е одговорна за убиството на повеќе од 20.000 луѓе од 2009 година, од кога се обидува да создаде исламистичка држава во басенот на езерото Чад.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи