Вулканот Агунг на Бали повторно се активира

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Илјадници жители кои живеат во близина на вулканот кој врие над туристичкиот остров Бали побегнале од своите домови во страв од ерупција, прва по повеќе од половина век, објавија индонезиските власти.

 

Сместена на околу 75 километри од главните туристички дестинации Кута и Семинјака, планината Агунг исфрли чад до 700 метри над својот врв кој се наоѓа на малку повеќе од 3.000 метри надморска височина.

 

Околу 30.000 жители на Карангасем, вклучително и оние кои веќе побегнале од округот кој е најблиску до вулканот во претходната тревога во септември, ги напуштиле домовите, изјавиле локалните власти.

 

Претходната ерупција на вуканот Агунг е регистриана во 1963 година. Вулканот тогаш исфрлала пепел до индонезиската престолнина Џакарта, оддалечена околу 1.000 километри. Во неколкуте ерупции тогаш имало речиси 1.600 загинати.

 

Директорот на Центарот за вулканологија и управување со геолошки опасности го повика населението да остане смирено, истакнуајќи дека нивото на тревога не е променето. Порасна на максималното ниво кон крајот на септември, а кон крајот на октомври беше спуштено за еден степен.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи