Постигна два гола, па во дрес и копачки отиде на раѓањето на својот син

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На фудбалерот на Виган, Рајан Колклу, вчерашниот ден ќе му остане како еден од најсреќните во неговиот живот. Во победата од 3-0 над Донкастер, Колклу два пати ја затресе мрежата во 45 и 58 минута, па по вториот гол знаејќи дека победата е осигурана, во 60 минута напаѓачот побара замена со цел да стигне во болница да го дочека раѓањето на неговото второ дете.

 

„Момци, јас го направив моето, дадов два гола и сега морам да одам во болница, жена ми се пораѓа“, рекол Колклу.

 

За да биде сценариото филмско, целосно во опремата со која настапи, односно во дресот на неговиот тим, 22-годишниот Англичанец  стигнал точно за пораѓањето и го видел доаѓањето на свет на својот син.

 

„Колку добар резултат и тимска победа од сите момци! Многу сум среќен да го одбележам раѓањето на мојот втор син со два гола, тој направи да биде хет-трик“, напиша Колклоу, откако се знаеше дека неговиот тим победи со 3-0.

Помошниот тренер на Виган, Лијам Ричардсон, ја објасни ситуацијата и како Рајан ја дозна убавата вест.

 

„За време на паузата, додека бевме во соблекувалната Рајан доби порака од својата сопруга дека дојде времето да се породи. Штом го постигна вториот гол сакаше да го напушти теренот, бидејќи тој размислуваше само за неговата сопруга и синот. Некои фудбалери не би реагирале така, би останале до крајот на мечот, но има и такви што во тие моменти сакаат да бидат само со своите партнери. Ние ја почитувавме неговата одлука, тренерот му дозволи да замине“, истакна Ричардсон.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи