Се урна авион на американската воена морнарица

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Транспортен авион на американската морнарица со 11 членови на екипажот се сруши во водите близу јапонскиот остров Окинава, додека се движел кон носачот на авиони „Роналд Реган“, соопштија американксите служби.

 

Јапонскиот министер за одбрана Ицунори Онодера изјави дека се урна транспортен авион Ц-2. Осум лица се спасени, а по другите се уште се трага. Тој додаде дека според американската армија најверојатна причина за несреќата е проблеми со моторите на авионот.

 

Седмата флота на морнарицата со седиште во Јапонија соопшти дека операција за барање и спасување е организирана од носачот на авиони.

 

„Спaсување на персоналот е во тек и нивната состојба ќе биде оценета од медицинскиот персонал на носачот ‘Роналд Реган’“, стои во соопштението.

 

Авионот се урна во Тихиот Океан на околу 150 километри, или 90 милји, северозападно од Окиноторишима, јапонски ненаселен остров, кажа јапонскиот министер за одбрана Ицунори Онодера, според портпаролот на Министерството.

Морнарицата кажа дека бродот оперирал во Филипинското Море, односно источно од Филипините, кога се случила несреќата во 2.45 часот попладне по јапонско време. Имињата на членовите на екипажот и на патниците не се соопштени.

 

Седмата флота имаше две фатални несреќи во азиските води годинава, со 17 мртви војници, поради што беа отстранети осум највисоки офицери во Морнарицата од нивните позиции, вклучувајќи го и командантот на седмата флота.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи