Бетонска свастика со димензии четири по четири метри била откриена при извршување на градежни работи на еден фудбалски терен во германскиот град Хамбург.
Свастиката била пронајдена на 40 сантиметри под земјата и се верува дека била основа за некој споменик.
„Тука на местото на ова фудбалско игралиште во минатото се наоѓал нацистички споменик. Свастиката е толку голема што машините кои моментално ги користиме не се моќни да ја ископаат. Затоа ќе мора да се употребиме пневматски машини за да се разбие во помали парчиња“, вели Јоаким Ширмер, директорот на спортскиот клуб на кој му припаѓа игралиштето.
Се очекува свастиката да биде отстранета во најбрз можен рок.