Мугабе може да остане во Зимбабве, доби имунитет

Facebook
Twitter
Email
Print

Поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе доби имунитет од прогон, и загарантирана е неговата безбедност во земјата како дел од договорот по кој поднесе оставка.

 

Мугабе има прилика да остане во својата земја со сопругата со гаранција дека нема да бидат гонети од страна на судот.

 

„Тој се уште е наш ценет херој за ослободувањето. Тој има значителен придонес за развивањето на земјата изминативе 37 години. Немаме ништо против Мугабе или против неговата сопруга. Народот на Зимбабве сака тие да останат во земјата доколку сакаат“, изјави портпаролот на претседателскиот кабинет, дополнувајќи дека народот на Зимамбве само сакал одмор од владеењето на Мугабе.

 

Роберт Мугабе поднесе оставка во вторникот по огромен притисок после 37 години на власт. Тој се повлече откако власта ја презеде војската, а владејачката партија се сврте против него.

 

Опозицијата на Зимбабве соопшти дека сака новиот претседател на земјата Емeрсон Мнангагва да ги разгледа сите „столбови на репресија“, кои на Мугабе му помогнаа да остане на власт 37 години.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи