ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО : Досега необјавени снимки од првиот фестивал „Прилепски Заговор“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Дека Прилеп отсекогаш бил центарот на авангардата во Македонија еден од несоборливите докази за тоа е и фестивалот „Прилепски Заговор“ кој за прв пат се одржа во 2001 година.

 

На овој фестивал тогаш настапуваат дури 16 прилепски групи. Млади ентузијасти за кои што музиката е се. Фестивалот е посетен од гости од цела Македонија.

 

За тоа колку тогаш Прилеп бил на едно високо културно ниво говори фактот што за жал денес во Прилеп нема 16 групи кои што свират ваков вид на музика.

 

Со ова видео ќе ве вратиме малку назад во времето 21.11.2001г … Дом на АРМ ( екс.Офицерски, сегашна Општина )…организатор на фестивалот Форум за Авангардна Креативност (ФАК) …Џаич+Кантар+Бане + триесетина неуморни волонтери.

 

Во ПРВАТА ЕПИЗОДА на Заговорот учествуваа:

 

ПРЕПОРОД, BRAIN GHETTO, QUASAR BEND, MORTALITY, БЕН ХУР, SPIN, NO NAME, МИКИ И ДРУГАРИТЕ, BLANSH ESTETIKA, INFINITI, CROSSROAD, CLAUF CGJ, HYPOCAUST, MORTAL SIN, SLIKATA NA MRAKOT, PRILEPSKA SMRTNA KOMBINACIJA .

 

Овие ексклузивни снимки на Инфо Компас од архивата на ФАК ги отстапи еден од организаторите на фестивалот Гоце Бојкоски…следи и продолжение : ).

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи