Агунг заканувачки татни, евакуација на Бали

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

На индонезискиот остров Бали расте стравот од масивна вулканска ерупција. Властите наредија евакуација на околу 100.000 луѓе од околината на вулканот Агунг.

 

Националната индонезиска служба за менаџирање катастрофи на Фејсбук напиша дека исфрлањето пепел од планината Агунг до висина од 4.000 метри повремено е проследено со експлозивни ерупции и слабо заканувачко татнење. Ноќе зачестено се гледаат огнени блесоци.

 

„Бараме од луѓето во зоната на опасност веднаш да се евакуираат, бидејќи постои можност од поголема ерупција“, соопштил Сутопо Пурво Нугрохо, портпаролот на Агенцијата за кризни ситуации на Индонезија.

 

Селата околу вулканот се покриени со пепел, зоната на опасност околу вулканот од седумипол е проширена на десет километри. Властите прогласија аларм од највисок степен. Оттаму веќе се заминати околу 40.000 луѓе, но треба да бидат евакуирани најмалку уште толку. Меѓународниот аеродром на островот Бали останува и натаму привремено  затворен, што погоди преку 400 летови, од кои речиси 200 се меѓународни. Затворањето на аеродромот погоди околу 60 илјади патници.

 

„Нервозен сум зашто пред 15 минути проверив на интернет и видов дека се си тече регуларно. Сега овде сум заглавен, сè е затворено. Информациите доцнат многу“, изјавил еден од блокираните патници.

 

Агунг, кој се наоѓа на 75 километри од туристичкиот град Кута, е активиран од август. Вулканот последен пат беше активен во 1963. година, кога загинаа преку 1.000 луѓе, а бројни села беа уништени. Бали е познат туристички центар, со своите плажи и храмови привлекува милиони туристи од цел свет.

 

Индонезија е дел од Пацифичкиот огнен прстен и има над 120 активни вулкани.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи