Историски резултат на Манчестер Сити и Гвардиола во Премиер лигата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Екипата на Манчестер Сити се запиша во историјата на Премиер лигата по победата над Хадерсфилд во 13. коло.

 

Од август оваа година, Манчестер Сити за првпат губеше на полувреме на еден натпревар. Англиските фанови се навикнаа да ги гледаат „граѓаните“ да доминираат и да редат победи како никој друг во Премиер лигата.

 

Автоголот на Отаменди во првиот дел против Хадерсфилд им даде нов предизвик на фудбалерите на Пеп Гвардиола –  да прават пресврт за да ја продолжат победничката серија на стартот од новата сезона.

 

Со 37 од максимални 39 освоени бода, Сити го запиша најдобриот почеток на една сезона во историјата на Премиер лигата, кој му донесе осум бода предност пред второпласираниот Манчестер Јунајтед.

 

Екипата од синиот дел на Манчестер за сега има и импресивна гол-разлика, 42-8, а со 12 победи и едно реми, Сити е единствениот сè уште не поразен премиерлигаш.

 

Вреди да се истакне дека Сити сега е во серија од 11 последователни победи во Премиер лигата, како и во серија од 11 гостински победи во низа, во сите натпреварувања.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи