Прилепскиот параглајдерист Мартин Јованоски го освои првото место на меѓународниот турнир во прецизно слетување кој викендов се одржа во грчкиот град Драма. На турнирот учествуваа 30-тина натпреварувачи од Грција, Бугарија, Македонија, Турција, Англија и Естонија.
Параглајдинг клубот Делта-Прилеп, чиј член е Мартин Јованоски, беше најуспешен и во екипна конкуренција бидејќи другите членови на клубот Миле Јованоски и Борјан Јованоски го освоија 5-тото и 6-тото место.
Ова е голем успех за прилепскиот параглајдинг клуб кој со своите меѓународни трофеи докажал дека е вистински амбасадор не само на Прилеп туку и на цела Македонија.
125