Вулканот Попокатапетел, што се наоѓа во близина на престолнината на Мексико, синоќа исфрли пепел, формирајќи столб од над три километри. Тоа го соопшти на Твитер националниот координатор на силите за цивилна заштита Луис Фелипе Пуенте.
Пуенте предупреди и за можноста од паѓање пепел врз реоните кои се наоѓаат во близина на вулканот и го повика населението да дејствува согласно пропишаните мерки.
Сегашното средно ниво на закана во регионот нема да биде зголемено.