ИФИМЕС ја прогласи Јанева за најдобар главен обвинител на Балканот

Facebook
Twitter
Email
Print

Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) на главниот обвинител на Специјалното јавно обвинителство на Република Македонија Катица Јанева ѝ го додели високото признание „Најдобар главен обвинител на Балканот“, воедно, на Специјалното јавно обвинителство на Република Македонија (СЈО) му го додели високото признание „Најдобро обвинителство на Балканот.

 

Јанева се заблагодарила на признанието и истакнала дека покрај секојдневната поддршка од граѓаните на Македонија ова признание ќе биде поттик и дополнително охрабрување за идната работа на СЈО.

 

„Нè очекува уште многу работа, сите вработени свесно ја прифативме оваа работа. Ова признание им припаѓа на сите вработени, но и на граѓаните на Македонија кои иницираа демократски промени, а клучот на тие промени е зајакнување и развивање на институциите на правната држава. Граѓаните сакаат правна сигурност и заштита. Токму нашето делување, покрај процесуирање на одговорните за разни кривични дела кои настанаа врз основа на незаконско прислушување на граѓаните, е да ја вратиме довербата на граѓаните во правната држава“, рекла Јанева.

 

Високото признание „Светска личност на деценијата во областа на правосудството“ Институтот му го додели и на главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (ICTY) баронот Серж Брамерц, а на Обвинителството (ICTY) му е доделено високо признание за извонреден придонес кон вистината, правдата и помирувањето.

 

Признанијата во име на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана ги врачи потпретседателот на советодавниот одбор на ИФИМЕС, Ернест Петрич, кој е поранешен член на Уставниот суд на Словенија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи