Почина началникот Праљак кој испи отров во судницата во Хаг

Facebook
Twitter
Email
Print

Почина поранешниот началник на Главниот штаб на Хрватскиот совет на одбрана, Слободан Праљак, кој денеска испи отров во судницата во Хаг, додека му се читаше судска пресуда, јавуваат хрватските медиуми.

 

Праљак го испи отровот претпладне додека Трибуналот му ја читаше пресудата од 20 години затвор за воени злосторства. Многумина беа изненадени од неговиот потег, со надеж дека тој блефира.

 

„Генерал Праљак не е воен злосторник и со омраза ја отфрлам вашата пресуда“, рече Слободан Праљак по што внесе течност од мало шише.

 

Во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија беше прекинато изрекувањето конечна пресуда во случајот против поранешни политички и воени лидери на Херцег-Босна – Јадранко Прлиќ, Бруно Стојиќ, Слободан Праљак, Миливоје Петковиќ, Валентина Ќориќ и Берислав Пушиќ, кои се осудени на злосторства против човештвото, вклучувајќи убиства и силувања на босанските Муслимани.

 

Судот денеска ја потврди пресудата од вкупно 111 години за „шесторката“ од Херцег-Босна.

 

Се уште нема официјална потврда што испил Праљак.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи