Чернобил ќе се претвори огромна соларна електрана

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Три децении по нуклеарната катастрофа во Чернобил, инженерите се надеваат дека ќе направат пресврт, и ќе ја претворат забранетата зона во жариште за обновлива енергија.

 

Украинската инженерска компанија Rodina Energy Group Lt. и германската компанија за зелена енергија – Enerpark AG планираат во Чернобил зоната да постават соларни панели што ќе се протегаат и до 1.600 километри, со вкупна моќ од еден мегават.

 

Инвеститор на проектот тежок 1,2 милиони евра е украинско-германски конзорциум составен од компанијата „Rodina Energy Group“ и компанијата „Enerparc“ од Хамбург.

 

Фотонапонските панели ќе се наоѓаат на стотина метри од реакторите што пред повеќе од три децении ја предизвикаа една од најголемите индустриски катастрофи во поновата историја на Европа.

 

 

Забранетата зона во Чернобил се протега на површина од околу 2.600 километри квадратни кои буквално не можат да бидат искористени за ништо друго. Според некои научници, радијацијата ќе го загадува регионот уште најмалку 150, а можеби и над 300 години. Со други зборови, Чернобил не нуди баш сјајни услови за бизнис и трговија.

 

Освен во ваков случај, се разбира. Производство на обновлива и чиста енергија во Чернобил значи да се употреби сиот тој бескорисен простор, но и да се претвори целата таа ситуација со чернобилската хаварија – во нешто сосема корисно.

 

Соларната енергија не може да биде контаминирана од позадинската радијација, така што тоа нема да биде пречка. Од друга страна, огромниот бонус е тоа што околу Чернобил сé уште постои електричната мрежа од пред три децении која може да се врати во употреба.

 

По експлозијата на нуклеарниот реактор во чернобилската електрана „Владимир И. Ленин“ во 1986 гоина, тогашните советски власти ги евакуираа локалните жители во радиус од 30 километри од местото на инцидентот.

 

Во т.н. „зона на смртта“ со површина од 2.590 километри квадратни и денес се влегува само со посебна дозвола од украинските власти.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи