Во Кина откриено нафетно поле со преку милијарда тони нафта

Во Кина откриено е поле со сурова нафта, во кое се проценува дека има повеќе од милијарда тони нафта, известува кинеската официјална новинска агенција Џинуа.

 

Нафтеното поле беше откриено од страна на Кинеската национална петрол корпорација (CNPC) во областа Џунгарија, во регионот Џинјианг.

 

„Скоро 1,24 милијарди тони нафта беа откриени досега, од кои 520 милиони тони се потврдени резерви“, изјавија претставници на подружницата на државната компанија PetroChina.

 

Компанијата изјави дека ова откритие дошло како резултат на десетгодишното геолошко истражување.

 

Кинеските нафтени гиганти како што се PetroChina и China National Offshore Oil Corporation ја забрзаа постапката за барање на нови извори на нафта затоа што резервите постојано опаѓаат, јавува Ројтерс. Претставници на PetroChina соопштија дека компанијата ги зголемила капацитетите за производство на нивното нафтено поле за 1,38 милијарди оваа година, што дневно изнесува околу 27.000 барели.

 

Моментално Кина се наоѓа на 13 место кога станува збор за земјите со нафтени резерви.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien