„Комерсант“: Новата американска стратегија за Балканот значи враќање на САД во регионот

Московскиот весник „Комерсант“ пишува дека новата американска стратегија за Балканот значи враќање на САД во регионот и обид да не ѝ се дозволи на Русија јакнење на нејзините позиции.

 

Тие потсетуваат дека предлогот за новата балканска стратегија е подготвен од Атлантскиот совет, кој што е близок до американската администрација и иако нема официјален карактер, може за брзо да стане платформа за американската позиција на Балканот.

 

Според весникот, Вашинготон поактивно ќе се ангажира за решавање на македонското прашање наведено во стратегијата. Потврда за тоа се, пишува „Комерсант“ информациите дека нов американски амбасадор во Скопје ќе биде Хојт Брајан Ји, кој активно учествувал во подготовката на документот за новата балканска стратегија.

 

„Зголемен интерес за документот, секако покажа Србија, која во него зазема посебно место. Претседателот Александар Вучиќ за докуметот изјави дека станува збор за важна тема“, пишува московскиот весник.

 

Според извори од Србија за „Комерсант“, документот е позитивен за Белград, бидејќи го признава значењето на Србија во регионот и е во согласност со напорите на официјален Белград за стратешки односи со САД.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.