Се организира вториот шаховски турнир „Державин“ во Битола

Меѓународниот Славјански Универзитет од Битола го организира вториот дводневен аматерски шаховски турнир „Державин“. Турнирот ќе се одржи на 22 и 23 декември во големата конференциска сала на Универзитетот со почеток во 11:00 часот.

 

Од Универзитетот истакнуваат дека на турнирот учество можат да земат членови на шаховски клубови, но исто така и аматери од 15 до 27 годишна возраст. Крајниот рок на пријавување бил до 15 декември 2017, а учесниците треба да платат и котизација од 200 денари за двата дена. Во котизацијата се вклучени закуски и пијалоци.

 

За најдобрите тројца шахисти биле предвидени следниве награди :

 

 

  • 1 место: ЛАПТОП + Златна плакета

 

  • 2 место: ТАБЛЕТ  + Сребрена плакета

 

  • 3 место: ШАХОВСКИ СЕТ  + Бронзена плакета

 

Специјални плакети биле предвидени за :

 

  • Најдобрата шахистка

 

  • Најперспективниот млад шахист (до 18 години)

 

 

Сите оние кои сакаат да се пријават на овој турнир за дополнителни прашања можеле да се обратат на shahovski@msu.edu.mk или на 078 313 512 – Игор Mихајловски.

 

Повеќе информации за турнирот може да погледнете ТУКА.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.