Премиерот Зоран Заев во вторник и в среда во Брисел на одвоени средби со претседателот на Европската комисија, со еврокомесарот за проширување и со шефицата на дипломатијата.
Ова ќе биде прва средба на премиерот Заев со актуелниот претседател на Европската комисија Жан Клод- Јункер. Освен средбите со Хан и со Могерини, македонскиот премиер ќе оствари средба и со претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.
Освен премиерот, во посета на највисоките институции на Европската унија во Брисел, ќе бидат и вицепремиерот Османи, министрите Димитров и Сугаревски, и генералниот секретар на Владата, Рашковски.
Во рамките на оваа дводневна посетата на Брисел, премиерот Заев ќе учествува на дебатата на тема „Македонија и регионот на Западен Балкан на патот кон членството во Европската Унија“ во организација на Центарот за европски политички студии (CEPS), како и на трибината „Македонија по шарената револуција: Нови можности за успешно пристапување во ЕУ“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт во Брисел.