Денеска во Брисел министрите за финансии на 19-те земји кои што го користат еврото како национална валута ќе го избираат следниот претседател на Еврогрупата.
Кандидати за позицијата се четворица актуелни министри за финансии и тоа на Португалија, Марио Сантено, на Луксембург, Пјер Грамен, на Летонија, Дана Рејзниенце-Озола и на Словачка, Петер Кажимир.
Шефот на еврогрупата има мандат од две и пол години и претседава со месечните состаноци, чија цел е да се заштитат националните економски политики.
Фаворит за позицијата во моментов е Сантено. Досегашен претседател беше Холанѓанецот Јерун Дејселблум, кој што ја водеше Еврогрупата во два мандати, но мораше да се повлече бидејќи повеќе не е холандски министер за финансии.
122