Безбедносните сили на Босна и Херцеговина денеска уапсија 13 лица на подрачјето на Коњиц и Сараево поради злосторства против човештвото.
Полициските службеници на Државната агенција за истраги и заштита на БиХ (СИПА) постапиле по наредба на Обвинителството на БиХ, а уапсените се осомничени дека кривичното дело го извршиле на подрачјето на општината Коњиц во 1992 година.
Уапсените се приведени во службените простории на СИПА заради криминалистичка обработка, по што ќе бидат предадени на Обвинителството на БиХ за понатамошна постапка.