Најдобриот македонски ракометар и капитен на репрезентацијата, Кирил Лазаров долго време соработува со спортскиот бренд „Hummel“, чии патики ги носи на секој свој натпревар.
Спортскиот бренд пред неколку години го изненади нашиот десен бек и изработи патики со кои македонскиот голгетер настапуваше за репрезентацијата на Македонија.
Сега, компанијата која е пронајдена во Германија, а моментално има главно седиште во Данска, изработи специјални патики во сино-бела боја и со заштитно лого на македонскиот ракометар – Лазаров 7. Лазаров ќе дебитира со нив на дербито против ПСЖ, а фановите ќе можат да ги купат на крајот на март и почетокот на април.
Патиките со заштитен знак на македонскиот капитен, прв пат ќе бидат пуштени во продажба и од март наредната година ќе можат да се купат во официјалните продавници на „Hummel“.