Ердоган: Турција ќе ги прекине односите со Израел ако Ерусалим биде признат за израелски главен град

Евентуалното признавање на Ерусалим за израелски главен град од страна на САД, може да доведе до прекин на односите меѓу Турција и Израел, најави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

 

„Ќе ја водиме таа битка решително и до крај. Тоа може да доведе до прекин на нашите дипломатски односи со Израел“, изјави Ердоган, додавајќи дека статусот на Ерусалим е „црвена линија за муслиманите“.

 

Портпаролот на турската Влада, Бекир Боздаг вчера изјави дека промената на „историскиот статус“ на Ерусалим би предизвикала „голема катастрофа“ и би „означила крај на мировниот процес“ на Блискиот Исток.

 

„Таквата одлука на американската Администрација би го отворила патот кон нови конфликти, нови спорови, дополнителна нестабилност на регионот и кон непредвиливи случувања“, порача Боздаг.

 

Минатата недела Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува да го пресели седиштето на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим, што практично би значело негово признавање за израелски главен град.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien