На нешто повеќе од еден месец до почетокот на Европското првенство во Хрватска, селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, го достави до ЕХФ широкиот список од 28 ракометари, кои ќе бидат базата од која ќе се бира составот за настап на шампионатот.
На истиот нема некои поголеми изненадувања, а како освежувања се младите бекови на Металург, 19-годишниот Марио Танкоски и 17-годишниот Мартин Серафимов.
Поширокиот список за ЕП 2018:
Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин ТомовскиБекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов,Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин ПоповскиПикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски
На Европското првенство Раул Гонзалез ќе треба да се потпре на 16 ракометари кои ќе можат да бидат пријавени, плус неколку резервни играчи, најмногу шест кои од трибините ќе ја чекаат својата шанса за ротација во составот.
Селекторот посакува и што повеќе пријателски дуели со други репрезентации до почетокот на ЕП.ж
„За разлика од изминатата недела на ЕХФ, кога подготовките беа без пријателски средби, сега, секако дека ќе ни бидат потребни за што подобро уигрување на репрезентацијата. Ќе бидам задоволен ако имаме повеќе пријателски мечеви. Засега нема ништо официјално по ова прашање, чекаме, но се надевам дека до почетокот на ЕП и ова ќе биде позитивно решено“, вели шпанскиот стратег.
Европското првенство се игра од 12 до 28 јануари во Хрватска. Македонија првата групна фаза ја игра во Загреб, противници ни се Германија, Словенија и Црна Гора. Доколку бидеме една од првите три репрезентација се селиме во Вараждин каде што ќе ја играме главната групна фаза.