Признавањето на Ерусалим за главен град на Израел претставува нов ризик за стабилноста на Блискиот исток

Facebook
Twitter
Email
Print

Американскиот претседател Доналд Трам го одложи за во понеделникот планираното објавување на одлуката за преселувањето во Ерусалим на американската амбасада во Израел, објави Белата куќа во моментие додека американските и светските функционери изразуваат загриженост поради можното насилство и одмазда којашто би ја предизвикал таквиот чин.

 

„Објавувањето на одлуката може да се очекува следните денови“, изјави портпаролот на Белата куќа, Хоган Гидлеј.

 

Претседателот Доналд Трамп ќе одлучи да ли ќе ја потпише одлуката за одложување на преселувањето на амбасадата од Тел Авив за нови шест месеци, како што порано тоа го правеше секој американски претседател од 1995 година кога Конгресот на САД го донесе законот со кој се регулира селењето на дипломатската мисија во Ерусалим.

 

Американскиот Конгрес во 1995 година изгласа закон со кој Ерусалим го нарекува главен град на Израел и одредува дека тој не смее да биде поделен. Меѓутоа, досега и републиканските и демократските претседатели откако доаѓаа на власт ги користеа своите овластувања за да ја задржат американската амбасада во Тел Авив и ги поткрепуваа преговорите за Ерусалим меѓу Израел и Палестинците.

 

Од преземањето на претседателската должност во јануари, Доналд Трамп покажуваше знаци на одложување на ветувањето од својата претседателска кампања кога критикувајќи ја политиката на администрацијата на својот претходник Барак Обама кон стратешкиот сојузник Израел, меѓу другото рече дека ќе ја дислоцира амбасадата на САД во оваа земја од Тел Авив во Ерусалим, спротивно на желбите на Палестинците и поголемиот дел од меѓународната јавност, истовремено ветувајќи дека ќе стори сé што е потребно да се постигне блискоисточниот мировен договор.

 

Можноста американскиот претседател да го признае Ерусалим за главен град на Израел предизвика силни рекации и на американски и на странски функционери кои стравуваат дека таквиот чин би предизвикал насилства. Таквата одлука, за којашто американските функционери велат дека уште не е финализирана, би отстапила од децениската американска политика да не зазема став за судбината на Ерусалим поради тоа што тоа е едно од централните прашања за кои треба да се преговара и да одлучат Израелци и Палестинци.

 

Доколку Трамп би преземал таков чекор, тоа би можело да предизвика протести и насилства од Палестинците и муслиманите ширум светот, делумно и поради чувствителноста за светото место коешто Евреите го нарекуваат Ридот на храмот, а муслиманите Платото на џамиите на коешто е сместена џамијата Ал Акса, третото најсвето место во исламот. На тоа место бил древниот јудејски храм, најсветлото место на јудаизмот.

 

Палестинците посакуваат Ерусалим, особено источниот дел кој меѓународната заедница го смета за окупирана палестинска територија од Израел во војната од 1967 година, да биде главен град на нивната идна држава. Додека Израел повеќепати истакна дека го смета за своја „историска, вечна и неделива“ престолнина. И двете страни за тоа наведуваат библиски, историски и политички аргументи.

 

Според коментаторите, секоја одлука со која двете страни во мировните преговори ќе сметаат дека ја нарушува состојбата на статус-кво, може да предизвика незадоволство кај арапските американски сојузници на Блискиот исток, како што се Саудиска, Арабија, Јордан, Катар или Египет. САД во моментов се потпираат на овие земји во борбата против џихадистичката организација Исламска држава, која новиот американски претседател ја нарече приоритет за неговата администрација.

 

Висок американски функционер изјави минатата седмица за Reuters дека веројатно Трамп ќе објави во среда дека САД го сметаат Ерусалим за главен град иако неговот зет и важен штраф во претседателската администрација Џед Кушнер во неделата изјави дека конечната одлука се’ уште не е донесена.

 

На намерата на Трамп се спротиставува и одделот за Блискиот исток во Стејт департментот, како и бројни американски амбасадори во тој дел од светот, верувајќи дека поради тоа ќе се влоши безбедносната ситуација.

 

Американските разузнавачки процени говорат дека тој потег може да предизвика одмазда против Израел и американските интереси во овој регион. Главните елементи на израелско-палестинскиот спор се границите, иднината на израелските населби на Западниот брег (од реката Јордан) вклучително и во источен Ерусалим и статусот на палестинските бегалци.

 

Американските сојузници негодуваат поради можноста САД еднострано да го признаат Ерусалим како главен град на Израел.

 

„Секоја американска одлука за статусот на Ерусалим пред конечниот договор би имала погубен ефект врз мировниот процес и би ја поткренале тенијата во регионот“, наведе во изјавата принцот Халид бин Салман, саудискиот амбасадор во САД.

 

Францускиот претседател Емануел Макрон „изрази загриженост поради можностите САД еднострано да ги признае Ерусалим како главен град на Израел“, во текот на разговорот со Трамп во понеделникот, соопшти Елисејската палата по телефонскиот разговор меѓу двајцата челници.

 

Според пришувањето на јорданската државна новинска агенција Petra, јорданскиот министер за надворешни работи Ајман Сафади во неделата го предупредил американскиот државен секретар Рекс Тилерсон дека САД не треба да прават такво нешто.

 

„Таквиот потег би предизвикал гнев ширум арапскиот и муслиманскиот свет, би ги разгорил тензиите и би ги загрозил мировните напори“, рекол Сафади.

 

Главниот претставник на Палестинската ослободителна организација (PLO) во Вашингтон, Хусам Зомлот, изјави дека овој американски чекор би претставувал „бакнеж на смртта“ за решението со две држави.

 

„Доколку биде направен тој чекор, ќе има катастрофални последици“, вели Зомлот за Reuters.

 

Даниел Бенџамин, поранешен американски антитерористички функционер кој сега работи на универзитетот Дартмут, вели дека станува збор за „играње со оган“.

 

Извор: Нетпрес

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи