Притвор за Василески, домашен притвор за Пешевска, Димовски и Тарчуловски

Facebook
Twitter
Email
Print

Кривичниот суд му одреди притвор на пратеникот Сашо Василевски, а куќен притвор на пратениците Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, сите од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие се дел од 36-те лица што Основното јавно обвинителство ги гони за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

 

Претходно, пратениците Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски во придружба на полициски службеници го напуштија Кривичниот суд и со полициски комбиња беа однесени во пртивор.

 

 „Постапувајќи по предлог на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 денеска беа повикани шест лица опфатени со предлогот на обвинителството, а по нивно произнесување во однос на предлогот судијата на претходна постапка донесе решенија со кои за К.М., Љ.А. и С.В. го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП. За Ј.Т. и Ж.П. судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и им определи мерка куќен притвор. За Љ.Д. судија на претходна постапка не го прифати предлогот на обвинителството за определување мерка притвор и му определи мерка куќен притвор“, се наведува во соопштението од Кривичен суд.

 

Против овие неправосилни решенија, како што велат од Судот, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата.

 

Шестемина пратеници денеска беа на распит пред судија на претходна постапка за насилствата во „крвавиот четврток“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи