Заврши распитот на сите шестмина пратеници кои се осомничени за настаните во Собранието на 27 април. Судијата на претходна постапка, сега треба на сите поединечно во рок од шест часа да им врачи решенија со одлука дали одат во притвор или не.
За двајца од пратениците инволвирани во насилствата во собранието судот изрече мерка притвор. Станува збор за Крсто Муковски и Љубен Арнаудов.
За останатите четворица кои беа изведени денеска пред судија од предистражна постапка се очекува судот да донесе одлука во текот на денешниот ден.