Тројца играчи сакаат да го напуштат Јувентус уште во јануари

Facebook
Twitter
Email
Print

Конфликтот за кој пишуваа италијанските медиуми кој се води во соблекувалната на Јувентус доби свој епилог.

 

Порталот „Дагоспиа“ кој се занимава со инсајдерски информации, ја донесе приказната за конфликтот на „сенаторите“ во Јувентус со странските играчи. Се претпоставуваше дека на едната страна биле Буфон, Киелини и Барзаљи, но не беа споменати имињата на странците кои наводно по мечот во Џенова побарале да бидат продадени во јануари.

 

Конфликтот меѓу домашните и странските играчи во Јувентус кулминирал пред почетокот на натпреварот против Сампдорија кој „Старата дама“ го загуби со 3:2. Тренерот на „старата дама“ Макс Алегри не негираше дека имало расправија во соблекувалната, кога на една страна била групата Италијанци, а од друга страна страските фудбалери.

 

Откако Бепе Марота јавно призна дека Алекс Сандро побарал да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок на површина испливаа уште две имиња кои побарале трансфер оваа зима.

 

„Многупати повторував дека кога еден играч сака да биде продаден, без оглед на престижот или значењето на тимот, ќе го оствариме. Ако играчот е несреќен, подобро е да го пуштиме “, откри Марота.

 

Имено, Стефан Лихштајнер и Хуан Квадрадо незадоволни од односот на италијанските играчи во тимот побарале исто така да бидат продадени.

 

Останува да се види кој ќе си оди во јануари, а кој на лето. Сигурно двајца или сите тројца ќе го напуштат Торино.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи