Шестмината пратеници на распит во Кривичен суд

Facebook
Twitter
Email
Print

Шестмината пратеници кои останаа без имунитет како осомничени за тероризам и загрозување на уставниот поредок, денеска се појавија во Кривичниот суд на распит кај судија на претходна постапка. По распитот судот треба да одлучи дали на пратениците ќе им биде определена мерка притвор.

 

Во судот пристигнаа Крсто Муковски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска, Љупчо димовски, Љупчо Арнаудов и Сашо Василевски. Пратениците дојдоа без полициска придружба, а беа пречекани од свои колеги и сопартијци кои се собраа пред судот за да им изразат поддршка.

 

По завршување на распитот судијата на претходна постапка има рок од шест часа да им го врачи решението со одлука дали ќе им определи притвор или пак други поблаги мерки за обезбедување на присуство во текот на истрагата.

 

Во петокот на шестмината осомничени пратеници на барање на Судот, на собраниска седница им беше симнат пратеничкиот имунитет.  Тие се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи